ПРАВИЛА НА НАГРАДНИОТ КОНКУРС
„ОСВОЈТЕ MAPBEЛ HAГPAДA СО ИЗБРАНИТЕ „NESTLÉ ЖИТАРКИ“
Член 1
Организаторот на наградниот конкурс под називот „ ОСВОЈТЕ MAPBEЛ HAГPAДA СО ИЗБРАНИТЕ „NESTLÉ ЖИТАРКИ “ (понатаму: Конкурсот) е НЕСТЛЕ АДРИАТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје (ЕДБ 4030006591141), бул. 8 Септември бр. 16, 4-ти кат, дел. центар „ХИПЕРИУМ“ Скопје-Македонија (понатаму: Организаторот). Конкурсот се спроведува со цел промоција на Организаторот и производите Житарки NESQUIK® 375 g, Житарки NESQUIK® MIX 325 g, , Житарки LION® 400 g, , Житарки CHOCAPIC® 375 g, Житарки COOKIE CRISP® 375 g. Лицето кое ќе се пријави за учество на Конкурсот понатаму во правилата се нарекува Учесникот. Конкурсот, на ниту еден начин, не е поврзана, спонзорирана или промовирана од страна на социјалните мрежи кои се спомнуваат во правилата. Овие правила на Конкурсот (понатаму: Правилата) ќе бидат објавени на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel.
Член 2
Наградниот конкурс трае од 01.05.2021 од 00:00 часот до 30.06.2021 до 23:59 часот, а се одвива преку интернет-страницата www.nestle-cereals.com/marvel.
Член 3
Право на учество имаат само лица постари од 18 години со живеалиште во Република Северна Македонија на денот на започнување на наградниот конкурс.
На Конкурсот не може да учествуваат лица кои се вклучени во неговата организација и подготовка, посебно вработените на Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства.
Член 4
За учество во Конкурсот, Учесникот треба на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel. да ги внесе промо-кодот од пакувањето од некој производ од член 1, името и презимето, градот, електронската адреса и телефонскиот број, да одговори на прашањето „Започнете го денот со „NESTLÉ ЖИТАРКИТЕ“ за појадок и опишете семејна авантура што би ја снимиле со акционата камера..“ и да кликне на куќичката покрај изјавата дека ги прифаќа Правилата на конкурсот. Неопходно е во одговорот да се спомнат житарките на „Nestlé“ и само таквите одговори ќе учествуваат на конкурсот. Купувањето на производот не е услов за учество во промоцијата. Промо-кодот се наоѓа на задниот дел на пакувањето. Секој производ има генерички код (на пр. секој Nesquik 375 g има код CRA9UB).
Учесниците кои нема да се регистрираат во согласност со Правилата ќе бидат автоматски исклучени од учество на Конкурсот, т.е. нема да бидат земени предвид за добивање награда. Исто ќе се постапи и кон оние учесници кои дале неточни податоци. Доколку се утврди тоа, тие лица веднаш го губат правото на понатамошно учество, т.е. доделување на награда ако во меѓувреме ја освојат. Лицата кои дале неточни или туѓи податоци, одговараат исклучиво за таа злоупотреба на податоците. Организаторот го задржува правото да не ги земе предвид предлозите кои одразуваат расна, полова или некој друг вид дискриминација или кои на кој било друг начин ги кршат овие Правила или законите на Република Северна Македонија. Секоја употреба на лажни гласови или двојни и лажни пријави или оправдано сомнение за такви гласови или пријави, ќе се санкционира со елиминација на Учесникот од Конкусрот.
Член 5
Цел на Конкурсот е бирање на 35 учесници на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel по избор на тричлено жири, чиишто членови ќе бидат избрани од страна на Организаторот. По завршувањето на конкурсот, жирито ќе избере 35 добитници на наградата кои имале најкреативни одговори поставени на www.nestle-cereals.com/marvel. Изборот на најкреативни одговори ќе се заснова врз следниве критериуми: креативност и литературен и уметнички израз.
Податоците на добитниците (Име/Презиме/Град) ќе бидат објавени во рок од петнаесет (15) дена по завршувањето на наградниот конкурс и тоа на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel. Секој добитник на Гранд награда освојува по еден (1) MAPBEЛ ДACKA-ПAДEЛ Б0PД и Добитник на наградата за утеха освојува по една (1) Avengers KУTИJA 3A ЖИTHИ CHEГУЛKИ.
Организаторот ќе ги контактира добитниците преку електронската адреса која ја внеле на мрежнатавеб - страница при пријавувањето. Во одговорот на таа порака, добитникот е должен да ги достави своите податоци заради организирање на преземањето на наградата во рок од седум (7) дена, за да го потврди преземањето на наградата. Доколку добитникот не се јави во наведениот рок или на друг начин не ги достави своите податоци потребни за преземање на наградата, го губи правото на награда, а наградата ќе му биде понудена на друг Учесник по избор на жирито. Со преземање на наградата од страна на добитникот престануваат сите обврски на Организаторот кон Учесникот, односно Добитникот. Добитникот не може да бара награда во поголемо количество или поинаква од онаа која е наведена во овие Правила од страна на Организаторот. Наградата не може да се замени за пари, друг производ или услуга. Секој Учесник може да освои најмногу една награда. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците најдоцна во рок од деведесет (30) дена од датумот на објавувањето на добитниците на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel.
Член 6
Учесникот треба да биде единствен и ексклузивен носител на авторските права на поставената содржина, до степенот до кој поставената содржина подлежи на заштита на авторските права. Учесникот гарантира дека со пријавената содржина во потполност не ги крши авторските и останатите права на трета страна. Ако дојде до кршење на правата на интелектуална сопственост или на некое сродно право, одговорноста за кршењето ја сноси исклучиво Учесникот кој во која било форма ја поставил содржината. Со пријавувањето на содржината на Конкурсот, Учесникот се согласува истата да биде објавена заради комуникација со добитникот на Конкурсот.
Член 7
Организаторот ќе ги прегледа сите пратени пријави и го задржува правото во кој било момент да го дисквалификува Учесникот, ако:
Член 8
Пред пријавувањето на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е запознаен со Правилата и условите за собирање и обработка на неговите лични податоци. Учесникот во Конкурсот изречно се согласуваат Организаторот да ги собира, складира, обработува, пренесува и користи нивните лични податоци, кои ги даваат во рамките на учество на Наградниот натпревар исклучиво за потребите на реализација. За потребите на Конкурсот, Организаторот ќе ги собира следниве податоци од Учесниците: име, презиме, град, телефон и електронска адреса. Сите лични податоци на Учесниците кои ќе се соберат во текот на Конкурсот ќе се користат исклучиво за спроведување и реализирање на Конкурсот. Организаторот ќе собере и дополнителни податоци од добитниците: адреса, за да може да ја испорача освоената награда на добитникот. Личните податоци на Учесниците и Добитниците се чуваат најмногу 2 месеци по завршувањето на Конкурсот, по што трајно се бришат. Организаторот ќе ги објави името, презимето и градот на добитникот на веб-страницата без временско и просторно ограничување. Учесникот е слободен во секој момент да побара од Организаторот да престане со обработка на неговите лични податоци со праќање електронска пошта на Irena.Kockova@mk.nestle.com и прифаќа дека таквото барање може да резултира со неможност за учество на Конкурсот. Личните податоци на Учесниците во име на Организаторот ќе ги обработува
која му помага на Организаторот во реализирање на Конкурсот, врз основа на договор кој е склучен помеѓу Организаторот и Агенцијата. Организаторот ќе ги преземе сите потребни чекори во организациона и техничка смисла за да ги заштити личните податоци на Учесниците во согласност со важечките прописи. Организаторот може да ги пренесува личните податоци на Учесниците во рамки на групацијата Nestle што ги подразбира и земјите надвор од територијата на ЕУ, доколку е осигурено соодветно ниво на заштита на личните податоците, согласно важечките локални закони. Организаторот не може да сноси одговорност за личните податоци на трети лица кои не се директни учесници на конкурсот, а кои Учесникот ги доставил во рамки на поставената содржина. Се смета дека Учесникот обезбедил согласност од трети лица чии лични податоци ги доставил во својата содржина, во случај кога тие лица не се Учесници на конкурсот.
Учесникот е должен при давањето податоци, да даде вистински, точни и целосни податоци за контакт. Учесникот се согласува да биде контактиран од Организаторот користејќи ги неговите податоци за контакт. Во случај на недостапност на Учесникот од која било причина, вклучувајќи неточни податоци или неможност за воспоставување на контакт, ќе се постапи во согласност со одредбата од член 7 на Правилата.
Со праќање на пријавата на Конкурсот, Учесникот потврдува дека е известен за собирањето и обработката на неговите лични податоци. Учесникот може подетално да се информира за обработката на лични податоци која ја врши Организаторот, во Известувањето за заштита на податоците кое е објавено на официјалната веб-страница на Организаторот.
Член 9
Организаторот го задржува правото да го прекине Конкурсот во случај на околности за кои Организаторот не е одговорен, односно кои не можел да ги спречи, елиминира или избегне, во кој случај се ослободува од сите можни обврски кои настанале кон Учесникот. Организаторот не сноси никаква одговорност за технички проблеми или грешки настанати при внесување на податоците, како и други причини кои не зависат од Организаторот. Учесникот кој учествува на Конкурсот ги прифаќа правата и обврските од Правилата. Организаторот го задржува правото за промена на Правилата, за што сите Учесници ќе бидат навремено известени со објава на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel. Во случај на спор помеѓу Организаторот и Учесникот, надлежен е Основниот суд во Скопје.
Правилата ќе важат почнувајќи од денот на објавување на веб-страницата www.nestle-cereals.com/marvel.